Програма во која е вклучено детето може да биде
– Целодневен престој
– Полудневен престој
Корисникот на услугата кој ја избрал програмата за целодневен престој плаќа 2.000 денари месечно.
Програмата за целодневен престој трае 9-11 часа, најдоцна до 17:30 часот и вклучува четири оброка
Приемот на децата вклучени во програмата за целодневен престој е најдоцна до 08:15 часот.
Корисникот на услугата кој ја избрал програмата за полудневен престој плаќа 1.400 денари месечно.
Програмата за полудневен престој трае до 4 часа, најдоцна до 11:30 часот и вклучува еден оброк (доручек) и важи само за деца на возраст над 2 години.
Приемот на децата вклучени во програмата за полудневен престој е најдоцна до 07:30 часот.
Пред да аплицирате за упис на детето во градинка информирајте се за правата и обврските од Правилникот со кој се утврдуваат цените на услугите.
Аплицирајте преку формата „Пријава за упис на дете“.
За подетални информации околу уписот и престојот на деца можете да се информирате преку мејлот на градинката [email protected] или на телефонскиот број 02/ 2 622-454.