Адаптација на деца

Секое дете е индивидуа за себе и различно рагира на новонастанатите ситуации во неговиот живот.Поаѓањето во градинка кај некои деца предизвикува плачење,врескање, фрлање на под а некои деца реагираат така што одбиваат храна, не сакаат да спијат, мократ во кревет, се жалат на болки во стомакот и на сите начини одолговлекуваат да појдат во градинка оправдувајќи се дека им се спие, дека не им е убаво во градинка…Тоа се очекувани реакции во периодот на адаптација на детето во предучилишните установи.
Важен фактор како за време на адаптацијата така и во понатамошниот престој е односот родител-воспитувач. Ретко кој родител ќе остане рамнодушен према детето кое плаче и цврсто го гушка. Родителот со својата реакција мора да му покаже на детето дека го остава во сигурни раце и тоа така што одлучно го предава своето дете на воспитувачот без непотребно да се задржува и да го испитува воспитувачот, зошто тоа му покажува на детето дека и Вие како родител сте несигурни, што дополнително влева страв кај Вашето дете.
Периодот на адаптација подразбира време кое му е потребно на детето да се навикне на новата средина и да ја прифати. Новата средина со себе носи ново опкружување, нови личности, деца, простор и дневен режим кој има поинаков ритам.
Детето најчесто го бира воспитувачот кој прв го дочекал и зборува за него како добар и најдобар. Поради тоа родителите стекнуваат впечаток дека другиот воспитувач не е доволно посветен и се раѓа недоверба.
Адаптацијата не смее да се прекинува (да останат кај баби, дедовци…) со тоа на детето му се праќа порака дека ако доволно плаче и прави сцени не мора во градинка. Повторната адаптација најчесто е многу по тешка отколку првиот пат и трае подолго, без потреба, а децата патат.

Основни типови на адаптација

Обично во стручната литература се наведуваат три основни типа на адаптација: лесна адаптација, адаптација со средна тежина и тешка адаптација.

Why Choose Us?

Лесна адаптација претставува нормална реакција на децата на промената на средината. Кај таквите деца сите реакции и промени во однесувањето поминуваат во период од 10-15 дена од нивното престојување во колектив; детето брзо ја прифаќа новата средина и се радува да доаѓа во неа.

0-02-0a-9ff64b5642377da309b21fe9aac1baf2cef30bf191bcce9c49f6351700e6c88e_85db32238ca8208c
0-02-05-7f3d645c128b3bd97af919cc6007d273cc984425368ac2806279202b7e2ed70b_810413e052e0b070
Адаптација со средна тежина имаат децата кај кои промените во однесувањето траат и до месец дена и детето во тој период упорно одбива да доаѓа во градинка.

Teшka aдаптација обично многу ретко се сретнува во праксата. Се однесува на деца кај кои може да се забележат упорни и долготрајни реакции и пореметувања кои траат и по неколку месеци. Обично кај таквите деца се присутни повеќе неповолни фактори кои го продолжуваат периодот на адаптација како што се чести отсуства поради болест, лоши семејни услови, непримерни воспитни влијанија и сл.

Во такви случаеви потребно е тимско согледување на проблемот (воспитувач/мед. сестра, родители, педагог и дефектолог) заеднички да се пронајдат начини-стратегии за да се надминат тешкотиите.

Треба да се напомене дека најголем број од децата поминуваат низ процесот на адаптација без поголеми проблеми, а само мал број го поминува тешкиот облик на адаптација.
Најважно е да се прифати фактот дека секое дете мора да помине низ тој деликатен период и дека неговите реакции се нормални, и дека сме ние тука да што полесно го преброди тој период – период на адаптација!

Она што Вие можете да го направете е: