Природата е се она што не опкружува: земјата, водата, воздухот, живите и неживите суштества. Најважниот фактор кој позитивно или негативно влијае на природата е човекот.Поради тоа исклучително е важно да се стекне свесност и знаење за природата уште од најрана возраст.
Главната цел со овој проект ќе биде да ги запознаеме децата со природата и да го поддржиме нивниот когнитивен, физички и емоционален развој во природна средина , а не во затворени и вештачки средини. Ќе им овозможиме на децата активно да поминуваат време во природа и да воспостават позитивни врски со природата.
Во нашата градинка Проектот ќе се реализира со деца од 4 – 6 години од групите „Пчелки“ и „Бисерчиња“ во објект Џуџиња.
Воспитен тим вклучен во Проектот: Даниела Костенцова, Елена Талевска и Јулија Караџовска.