Детската градинка запишува и прима деца преку целата година за престој на деца од предучилишна (од 0-6 години)
Запишувањето/приемот на дете започнува со пополнување на Барање во електронска форма преку веб страната на градинката, со прикачување/приложување на сите потребни документи.
Ова Барање е важечко сè додека не биде позитивно решено. Комисија за прием на деца се состанува еднаш во месецот, ги разгледува Барањата и врши прием на деца според одредени критериуми (адреса на живеење, статусот на вработеност на родител/старател, време на чекање, самохран родител, програмата за престој која е избрана, присуство на друго дете во градинка и сл.)
Доколку детето е примено, родителот е должен во рок од 30 дена од денот на приемот на Решението за прием на детето да ги комплетира сите потребни документи, да го потпише Договорот за правата и обврските за згрижување и воспитание на дете со Установата и да ја изврши уплата.
За префрлување на дете од еден во друг објект, родителот/старателот, во пишана форма пополнува Барање каде наведува од кој и во кој објект детето се префрлува и причината за префрлување на детето.
Барањето го разгледува и по него одлучува Комисија за прием на деца. За позитивно решено барање се известува родителот/старателот по електронски пат, на домашна адреса во писмена форма или телефонски.