Стручниот совет го сочинуваат: директорот, стручни работници, стручни соработници и лица со посебни овластувања. Со стручниот совет раководи директорот на детската градинка. Стручниот совет ги врши следните работи:
Утврдува стручни основи за остварување на програмата за работа;
Дава мислење и предлози до директорот во поглед на организацијата на работата и условите за работа.
Ги разгледува програмите и плановите за работа и презема мерки за нивно извршување;
Ги разгледува извештаите за извршен стручен надзор над реализирањето на програмите и предлага соодветни мерки;
Го разгледува планот за стручно усовршување на кадарот во детската градинка;
Именува и разрешува претставник на јавната установа за деца во Управниот одбор на детската градинка од редот на работниците кои вршат стручни работи;