Советувалиште

Цел на Советувалиштето

Давање стручна помош и подршка на семејството во одгледувањето и развојот на децата, подигање на компетенциите на родителите / старателите за поквалитетно воспитание и образование на нивните деца како и унапредување на квалитетот на живот во семејството.

Советувалиштето е отворено за

Сите родители / старатели на деца кои се вклучени во воспитно-образовниот процес на градинката како и на деца кои не посетуваат градинка.

Зошто советувалиште за родители / старатели?

Родителите / старателите се почесто имаат потреба од дополнителна подршка во врска со развојот, воспитувањето, образованието,исхраната,негата и здравјето на своите деца.
Не се секогаш во можност самостојно да се едуцираат или немаат навика во ситуации кога им е потребен само совет, а не и некаков вид на третман да се јават на здравствените или институциите од областа на социјалната заштита и да побараат помош.

Предучилишните установи се места каде што за многу вакви прашања можат да добијат одговори, да се информираат каде да се обратат за помош, да стекнат одредени знаења и вештини кои ќе им помогнат за здраво родителство и среќно детство на нивните деца.

ЗШто претставува советувалиштето за родители / старатели?

Советувалиштето за родители се реализира како посебна Програма усогласена со принципите на доброволно доаѓање за советување, достапност за сите заинтересирани родителина деца од претшколска возраст на ниво на Општина, дискреција во работата. Основна функција на програмата eинформативна, превентивна, едукативна и советодавна.

Форми на работа:

Содржини и активности:

Напомена: Индивидуалните разговори со родителите се одвиваат секој ден. Неопходно е претходно закажување на телефон

Тимот на Советувалиштето го сочинуваат:

Илза Љатифи Кока - социјален работник

075 499 616

Наташа Стојковска–дефектолог

075 229 418

Според Правилникот за формирање и работа на советувалиште за деца и родители од МТСП член 169 став 2 од Законот за заштита на децата (Службен весник на Р. Македонија бр. 23/13), ЈОУДГ „СНЕЖАНА“, Чаир Скопоје формирано е Советувалиште за деца и родители чија работа ја врши мултидисциплинарен тим од различни образовни профили и тоа: педагог, психолог, дефектолог, логопед, социјален работник, музички педагог и воспитувач.
Тимот својата работа ја реализира согласно програмата за работа на советувалиште изготвена од страна на установата за деца. За потребите на советувалиштето од страна на установата обезбедена е посебна просторија опремена со аудио – визуелна опрема, едукативен материјал и едукативна литература.

Советувалиштето има за цел :

Подигање и поддршка на родителска/старателска компетенција

Индивидуални разговори со децата за нивна подобра адаптација и полесно надминување на потешкотиите и проблемите во однесување при процес на растење

Консултативно советодавни разговори со родители и непосредна работа со децата со посебни потреби, деца кои покажуваат натпросечни достигнувања, деца со потешкотии кои произлегуваат од социјално ранливи групи на семејства, деца со развојни проблеми и деца со семејни проблеми со цел давање на стручна помош и поддршка

Консултативно-советодавна работа и интерактивни обуки со воспитно – згрижувачи персонал во секојдневното воспитно-образовно работење